Поради појава на густа магла, на дел од македонските патишта видливоста е намалена, соопштија од ЈП „Македонијапат“. Поради маглата има намалена видливост од 50 до 100 метри на патните правци Прилеп- Крушево и Тетово- Попова Шапка. Слаби врнежи од снег се бележат во Битола, Ресен, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец, но тие не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
По клисурите и засеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес. АМСМ препорачува особено внимателно возење на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово каде што се забележани почести одрони од вообичаеното.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.