| четврток, 6 декември 2018 |

Северина во студио работи на новиот албум (ФОТО)

На хрватската пејачка продолжува сѐ да ѝ оди на рака. Само на новогодишната ноќ заработи 50.000 евра, на суд, пак, има огромна предност во условите за разводот со сопругот Милан Поповиќ и за старателството врз нивниот син Александар. Исто така, пред неколку дена ја доби и битката долга девет години долгата со веб-сајтот „Индекс“, кој прв ги прикажа фотографиите од нејзиното домашно видео.

Утрово, пак, Северина ги поздрави своите 660.000 обожаватели на „Фејсбук“ со фотографија од студиото „Давис“ каде што почна со снимањето на својот нов албум.

И покрај стилот на облекување и на музика, кои често се цел на критика, Северина има повеќе обожаватели отколку „хејтери“, па Царицата несомнено ја очекува уште една доминација на балканските топ-листи со песните од новиот албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top