| четврток, 6 декември 2018 |

Џесика Симпсон: Се исплашив кога се видов во огледало

Кога го видов моето голо тело во огледало, се исплашив, изјави пејачката Џесика Симпсон која мора да ослаби за да ја собере венчалниот фустан кој ќе го носи кога ќе се мажи со гитаристот Ерик Џонсон.

Ако сака на нејзината венчавка да изгледа исто како и секоја невеста, Џесика би требало да се стави на диета.

– Се плашам дека никогаш нема да можам да носам кратки панталончиња. Бременоста потполно ме смени. Во првата добив 27, а во втората 15 килограми. Ќе направам сѐ за да изгледам повторно добро – вети пејачката која со Ерик има двегодишна ќерка и шестмесечен син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top