Градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на традиционалниот Божиќен ручек кој, Детската амбасада за сите деца во светот по осми пат го организира заедничкиот Божикен ручек за децата од Македонија.
„Годинава Божикниот ручек беше за 400 деца од Скопје, Ресен, Штип, Битола, Струмица, Прилеп. На заедничка трпеза седнаа: децата без родители, децата на бранителите, деца со посебни потреби, како и деца членови на Детската
амбасада за сите деца во светот,“ посочи Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.
По петти пат ќе биде доделен „орденот за носител на мирот“. Ова признание годинава ќе го понесе митрополитот Петар,кој и го благослови божикниот ручек. Новогодишни пакетчиња на децата им додели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, а за програмата се погрижија децата од Фестивалот „Ѕвездички“ и детскиот хор „Мали ангели“.
На божикниот ручек, кој се одржа во прилепскиот хотел „Кристал палас“ беа поканети децата и од другите верски заедници во земјава: од исламската, католичката, еврејската и од евангелско-методистичката верска заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.