| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно: магла и одрони на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта во Републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Појава на магла има кај Делчево, К.Паланка, Страцин, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и Струга.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top