Oтворањето на Археолошкиот музеј во Скопје и на театарот во Велес е најавено за оваа година, овие се меѓу капиталните проекти на Министерството за култура.
Се очекува и довршување на изградбата на концертната сала на Филхармонијата, која беше стопирана поради стечај на австриската компанија „Алпине бау“. Избрани се две фирми за ентериер и за акустика на салата.
Во 2014, според најавата, треба да почне изградба на уште три театри – Албанскиот, Турскиот и Струмичкиот театар, за кои се избрани изведувачите.
Министерството за култура во 2014 ќе има буџет од 3,9 милијарди денари, што е за 11,6 проценти повеќе од 2013 година. Од вкупниот буџет, 1.009.681.000 денари се зa програмските активности во дејностите од културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците