| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ со победа ја започна 2014 година

Во 15 коло од АБА-лигата екипата на МЗТ Скопје заслужено го победи унгарскиот тим Шолнок со 73-63. Победата е апсолутно заслужена бидејќи аеродромци водеа во текот целиот натпревар. Во таборот на МЗТ за првпат се појавија новите играчи Шеховиќ и Цветковиќ кои со играта покажаа дека ќе бидат вистински заслувања во пролетниот дел од сезоната.
Скопјани уште од самиот почеток предводени од Шеховиќ успеаја да направат солидна предност со одлична игра во одбраната и на паузата од првиот период да заминат со предност од осум поени (19-11). Во вториот дел избраниците на Мартич не се снајдоа во нападот против противничката зона, не погодија чисти шутеви за три поени и Шолнок успеа да ја намали разликата на само четири поени на полувремето (35-31).
Во третата четвртина во макеоднскиот шампион по прв пат успеја да ја премине границата од 10 поени разлика, но не издржаа во силното темпо и му дозволија на гостинот со серија од 6-0 да ја намали разликата на достижни шест коша. Сепак со поените на новиот играч Цветковиќ и серијата на целиот тим, МЗТ заслужено победи. Ова беше седма победа на МЗТ овааа година во АБА-лигата.
Странците во тимот на МЗТ ја предводеа листата на најдобри стрелци.Шеховиќ со 18, Маринковиќ со 11 и Цветковиќ со 10 поени.
Следното коло МЗТ Скопје го игра на 11 јануари во Подгорица против Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top