| четврток, 6 декември 2018 |

Сања откри како ја запросил Слаткар- прво му се налутив

sanja slatkar

Марко Маринковиќ – Слаткар ја запроси долгогодишната девојка Сања Николиќ, но за разлика сите досегашни приказни кои можеа да се слушнат на оваа тема, овојпат веста е вистинита и потврдена. Според она што ни го кажа Сања, Марко бил вистински фраер кој запросувањето го извел на доста оригинален начин, пишува Вечер.

-Знам дека многумина мислат оти повторно се работи за чаршиски муабет, но, за среќа, тој навистина ме запроси, и тоа на доста необичен начин, во негов стил. Замислете не се ни посомневав дека може да се случи нешто вакво, затоа самиот чин ќе го паметам цел живот”, изјави Сања за весникот, која прв пат јавно проговори што се случило таа вечер.

Традиционално како и секоја година, Марко беше излезен со другарите да прослави еден ден пред Нова година. Но го немаше цел ден, се загрижив, најмногу бидејќи неговиот, но и сите телефони на неговите другари беа исклучени. И, додека јас умирав од грижа и лутина, тој славел со другарите и барал прстен. Кога вечерта конечно се појави на влезната врата од нашиот стан, додека земав залет за да се искарам како човек, тој ми рече да почекам една секунда оти има оправдување за целата ситуација”, вели Сања. А по тоа следувал шокот.

Го извади прстенот и со песна, која ја напиша само за мене, ме побара. Ми помина и лутина и се и, секако, одговорив потврдно. Не ми се верува дека на таков оригинален начин го направи сето тоа, а јас не се посомневав ни за момент дека може да ми предложи брак. Луто, па слатко, нема поубаво, верувајте”, вели манекенката која додаде дека причина за запросувањето е љубовта и само љубовта, а не, како што се зборува, оти наводно е бремена, бидејќи не е.

И двајцата се родени во лето, па не е исклучена можноста и свадбата да се случи во тој период. Засега, вели Сања, се уште ништо не дефинирале, но по празниците сигурно ќе го потврдат и објават точниот датум. Манекенката, која воедно е и ПР на раперот, се пофали дека оваа година не можела поубаво да и почне, а не ја пропушти ниту можноста на сите да им посака многу љубов и здравје, радост и насмевки во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top