И покрај високите казни од 500 евра за тие што ќе бидат фатени како користат пиротехнички материјали на јавно место, за време на дочекот на новата година во сите градови низ земјава на големо се користеа од мали петарди, прскалки, па се до големи експлозивни направи кои што можат да нанесат тешки повреди.

Колку беше опасно да се биде на некој од Македонските плоштади најдобро можеше да се види за време на прославата од плоштадот Македонија во Скопје каде за време на јавувањето во живо за вестите на Канал 5 на неколку метри од новинарите експлодираше голема петарда.
Дел од оваа „динамитка“ како што популарно се нарекува меѓу трговците со пиротехника во текот на разговорот на новинарите Мирјана Трпчевска и Горан Момировски со дуото Куку Леле, Роберт Саздов и Панки се стркала до местото каде што беше поставена камерата на Канал 5.

За среќа никој не беше повреден а Роберт Саздов дури делот од петардата го зема како сувенир.
Се работи за петарда долга триесетина сантиметри која што има големо количество на експлозинво полнење и покрај тоа што предизвикува голема експлозија може да разнесе делови од човечко тело доколку во моментот на експлозија има контакт.
За среќа и покрај огромните количества на пиротехника оваа нова година мина без сериозни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Над 2 000 Македонци во Лерин славеа Нова година со македонски песни и ора (видео)
-
Натали Грубовиќ објави новогодишни фотографии (галерија)
-
Две лица загинати од петарди и неколку случаи на сексуално вознемирување е билансот од новогодишната ноќ во Германија
-
Странски гости го преплавија Охрид за Новата 2018 година


