| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарот Ацо Јоноски денеска наполни 33 години

ацо јоноски2

Ацо Јоноски со роденденската торта

Ракометниот репрезентативец Ацо Јоноски денеска наполни 33 години. Роденденот не му го заборавија соиграчите и националниот тим, па во Пореч, каде што се ракометарите на подготовки, тие му нарачаа торта со 33 свеќички.

Јоноски е еден од столбовите во одбраната на Металург и на националниот тим. Ракометарите се враќаат утре од Пореч, каде што беа на подготовки за претстојното Европско првенство (ЕП) во Данска во јануари.

ацо јоноски1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top