| четврток, 6 декември 2018 |

Заев замина на средба со тутунарите со возило од 80.000 евра

Откако изминативе денови во медиумите беше пласирана веста дека Зоран Заев се подновил со ново луксузно возило Ауди А8, сега, според овие фотографии можеме да заклучиме дека тоа било вистина, објави порталот „Курир“. Тој при вчерашната средба со тутунарите во Прилеп пристигнал со ова луксузно возило, чија вредност се проценува на 80.000 евра.

Ова е уште еден од многуте примери кои ги дисквалификуваат неговите изјави за тоа дека тој припаѓа во средната класа и се бори за нејзино враќање.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top