| четврток, 6 декември 2018 |

Уште 3.600 петарди одземени во Тетотво

Точно 3.586 парчиња петарди пронашла полицијата кај 36 годишниот тетовчанец Л.А., кој продавал пиротехнички средства на импровизирана тезга близу влезот на зелениот пазар во Тетово.

Според информациите од полицијата, Л.А. бил приведен во полициска станица и по извршениот разговор е пуштен.

По целосно расчистување на случајот, се очекува соодветен поднесок против Л.А.

Полицијата деновиве заплени повеќе од 200.000 пиротехнички средства ширум земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top