Точно 3.586 парчиња петарди пронашла полицијата кај 36 годишниот тетовчанец Л.А., кој продавал пиротехнички средства на импровизирана тезга близу влезот на зелениот пазар во Тетово.
Според информациите од полицијата, Л.А. бил приведен во полициска станица и по извршениот разговор е пуштен.
По целосно расчистување на случајот, се очекува соодветен поднесок против Л.А.
Полицијата деновиве заплени повеќе од 200.000 пиротехнички средства ширум земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две лица загинати од петарди и неколку случаи на сексуално вознемирување е билансот од новогодишната ноќ во Германија
-
Од играчка-плачка: Ампутирани двете дланки на момче повредено од петарда
-
Запленети 26.849 парчиња петарди и други пиротехнички средства
-
Забранете ги петардите: од срцев удар годишно умираат 5.000 домашни миленичиња


