Петардите може да ги преплашат и повредат животните, а многу од нив умираат од експлозијата на петарди. Пријателите на животните, ширум светот покренале петиција за забрана на користење на пиротехника во текот на целата година, надевајќи се дека идните прослави на Нова година ќе бидат посигурни за луѓето и за животните.
Како и изминативе години и овој дочек на Нова година не можеше да не помине без петарди и други експлозивни сретства. Животните не ги сакаат петардите, но не ги сака ни поголемиот број граѓани кои сакаат мир и сигурност за себе и за членовите на своето семејство.
Во Торино, Милано, венеција, Модена, односно во повеќе од 850 италијански градови и општини од 2011 година е забрането во текот на прославата на Нова година да се пукаат петарди, а казните за прекршителите се движат од 25-500 евра. Во Торино таа забрана е донесена пред се поради тоа што петардите ги плашат децата, животните, птиците и мачките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


