Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне се уште ќе има слаби локални врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од нула до шест степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови се уште е можно да провејува слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до три степени.
Најниска температура од минус шест е измерена во Маврово, а највисока три степени во Гевгелија. Најмногу воден талог од 31 литар на метар кубен има во Демир Капија, потоа следи Маврово со 29, Виница со 25, Битола 23… Снежна покривка има најмногу на Маврово 61 см, Крушево 29, Лазарополе 22, Берово и Тетово 10, Штип и Охрид осум, Прилеп 7, Битола 6, три сантиметри има во Крива Паланка и Претор, два во Куманово и во Кавадарци еден сантиметар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


