
Теодоридис е отстранет од комисијата, но не и од партијата, откако на својот профил на „Фејсбук“, во пресрет на годишнината од кризата на Имија, во која загинаа тројца припадници на грчката воена морнарица, островот Имија го нарече по неговото турско име Кардак и изјави дека грчката армија треба да престане да ги брка турските авиони над Егејско Море и дека Атина треба да се откаже од правата на територијалните води до 12 милји.
Портпаролот на СИРИЗА Панос Скурлетис на „Твитер“ напиша дека личните ставови на Теодоридис се далеку од гледиштата на СИРИЗА и не ги одразуваат официјалните мислења на партијата. Владејачката Нова демократија го обвини пратеникот на СИРИЗА за „антигрчки делириум“ и го повика лидерот на партијата Алексис Ципрас да го отстрани од партијата.
-Во спротивно, Ципрас само ќе потврди дека тоа, исто така, се негови ставови и позиции на партијата – се вели во соопштението на Нова демократија.
Притисокот за остранување на Теодоридис од СИРИЗА се зголеми од пред некој ден, откако на „Фејсбук“ напиша: „барањето на Курдите за употреба на нивниот јазик во турските судови е задоволено. Во Грција пак, не се планира такво нешто за македонскиот“.
И по оваа изјава, Нова демократија побара тој да се отстрани од СИРИЗА.
Во тоа соопштение, владејачката партија, исто така, нагласи дека ако Ципрас веднаш не го отстрани Теодоридис од партијата значи дека се согласува со неговиот предлог и дека тоа е и позиција на неговата партија.
-Во секој случај, ако нема реакција за ставовите на членот на СИРИЗА, на скопјаните им се нудат смешни аргументи, особено кога таквите неприфатливи позиции се официјално изразени од главната опозициска партија- пишуваше во соопштението на Нова демократија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Инциденти во Солун по повод настанот на СИРИЗА за договорот со Македонија
-
Како ве лажат: За комуњарските медиуми, бугарските зборови со кои ни се обраќа грчкиот пратеник, станаа македонски јазик (видео)
-
Анкета: Нова демократија води за осум проценти пред СИРИЗА


