Критичарите сметаат дека комунистичката влада и понатаму се обидува да го третира патувањето како привилегија, а не како право и алатка за казнување на непослушните.
Во очекување на понеделник, илјадници Кубанци чекаат во редици пред шалтерите за да извадат пасоши.
Сепак, и покрај укинувањето на забраната за патување, за жителите на Куба и понатаму ќе биде многу тешко да излезат од земјата затоа што во многу држави им се потребни визи.
Забраната ја воведе Фидел Кастро на почетокот на шеесеттите години од минатиот век за време на комунистичката револуција во Куба. Оттогаш, цели пет децении, режимот на Кастро ја одржуваше оваа мерка со образложение дека е непоходна за задржување на социјалистичкиот систем и да се спречи одливот на мозоци кои добивале бесплатно образование од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


