| четврток, 6 декември 2018 |

Важна информација за сите кои планираат патување во Грција

Сите кои се подготвуваат за патување во Грција се информираат дека автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Користењето на автопатот, во следните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.

Новата автопатска делница е од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест подвозници и два натвозници. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top