| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре светилиште од 12 век

galicia-2На северозападот на Шпанија, изгоре христијанско светилиште од 12 век, соопштија локалните власти.

Претседателот на владата на покраината Галисија, Алберто Нуњес Феихо, изјави дека причина за пожарот во светилиштето, би можел да биде удар од гром.

Локалните медиуми наведуваат дека пожарникарите успеале да спасат само дел од олтарот, како и дека се стравува дека поради големото оштетување би можела да се сруши куполата.

Галисија со векови беше магнет за аџилак на христијански верници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top