Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто на националниот сервис ја оцени приватизацијата од времето на Бранко Црвенковски како корисна за граѓаните, објави „Курир“.
– Во тој период знам дека носеше одлуки ( се мисли на Бранко Црвенковски), бев активист на партијата прилично упатен, носеше максимално одлуки кои се во корист на граѓаните – рече Зоран Заев во интервјуто на МТВ.
Заев со оваа изјава ја оправда приватизацијата и транзицијата која ја спроведе Бранко Црвенковски, која според многумина беше оценета за криминална и од која произлегоа 200 000 невработени и беа затворени околу 600 фабрики и фирми, пишува „Курир“.
Според проценките на експертите, вредноста на фирмите кои се приватизира беше околу 3,3 милијарди марки, а од приватизацијата се слеја само 24 милиони во Агенцијата за приватизација. Токму поради обезвреднувањето на имотот, најголем дел од капиталот остана во рацете на олигарсите кои се создадоа токму во времето на Црвенковски.
Ваквата приватизација резултираше со рекордна невработеност и сиромаштија во државата кои до ден имаат негативно влијание врз македонската економија и стопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


