| четврток, 6 декември 2018 |

Вилшер откри зошто им покажа среден прст на навивачите на Сити

Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер, откри дека на навивачите на Манчестер сити им покажал среден прст поради тоа што тие му ги навредувале децата.

– Не требаше така да реагирам, но сигурен сум дека секој татко ме разбира. Претпоставувам дека во иднина ќе морам да ги трпам навредите за моите деца – напиша Вилшер на неговиот профил на „Твитер“ и додаде дека едвај чека да се врати на теренот.

На натпреварот од 16. коло во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал, Вилшир на домашните навивачи им го покажа средниот прст, а поради тоа доби забрана од два натпревара неиграње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top