| четврток, 6 декември 2018 |

Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на Алмир (видео)

По завршните зборови за случајот во кој беше прегазен малиот Алмир и кој им подлегна на повредите, обвинителството го преквалификува обвинението против Бобан Илиќ од „убиство“ во кривично дело „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Судот го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението.

По напуштањето на судницата Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на загинатиот Алмир кои беа во непосредна близина.

Однесувањето на Илиќ го документираше ТВ21, а ние ви го пренесуваме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top