
-Доследни сме на ветувањата, секоја година најмалку по еднаш или два пати ги посетуваме сите населени места во државата каде што имаме отворени трибини со граѓаните – им посочи на струмичани претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.
Тој на синоќешната трибина нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која држи до дадениот збор и не случајно ја има довербата во последните 7-8 години.
-Народот ни ја дава довербата затоа што реализираме се што ќе ветиме и повеќе од тоа. Не се истрчуваме како некои политички конкурнти. На пример Заев на гостувањето во вестите на МТВ вели дека минималната плата ќе била ако се они на власт 10 000 евра. Па толкава минимална плата нема ни во Германија, Франција, Америка. Тоа е нереалното ветување. Луѓето гледаат кои се нереалните ветувања и луѓето што ги даваат истите ги оценуваат како нереални луѓе-истакна Груевски за ветувањата кои се даваат пред граѓаните и за сериозноста на истите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ образложи за реформите направени од ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на стандардот на граѓаните и воедно направи споредба со реформите кои што ги СДСМ никогаш не ги оствари.
-Ние не сме ветиле дека ќе ги решиме сите проблеми. Невозможно е да се решат сите проблеми, тој што ви ветува дека ќе ви ги реши сите проблеми да знаете дека ве лаже. Но решивме многу проблеми и сѐ уште спроведуваме реформи за решавање на проблемите на граѓаните – рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


