| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Лазаров: Во Данска ќе видиме каков ни е квалитетот (видео)

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европско првенство во ракомет, што се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група покрај домаќинот Данска се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што тие очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Филип Лазаров

Филип Лазаров

роден: 21.04.1985
тежина: 100
висина: 199
клуб: РК Вардар
позиција: лев бек
одиграни репрезентативни натпревари: над 100

Левиот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Лазаров во неговата кариера настапувал за тимовите на РК Овче Поле (Македонија), РК Металург (Македонија), ПЛЕР (Унгарија), РК Металург (Македонија), РК Пелистер (Македонија), РК Вардар ПРО (Македонија), РК Вардар (Македонија).

За Република ТВ Лазаров кажа дека не може однапред да се планира, работите треба сами да течат, а тимот да се бори за победа на секој натпревар. Главна цел, коментира тој, е поминување на групната фаза.filip lazarov

Не сакаме прерано да изразуваме некакви очекувања, гледате какви работи се случуваат како повредата на Наумче Мојсовски. Пред сѐ да останеме сите здрави и да отпатуваме во Данска и да се бориме на секој натпревар – изјави Филип Лазаров.

Целиот разговор погледнете го на следниов линк на Република ТВ.

Mirkulovski Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Миркуловски

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top