Филип Лазаров
роден: 21.04.1985
тежина: 100
висина: 199
клуб: РК Вардар
позиција: лев бек
одиграни репрезентативни натпревари: над 100
Левиот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Лазаров во неговата кариера настапувал за тимовите на РК Овче Поле (Македонија), РК Металург (Македонија), ПЛЕР (Унгарија), РК Металург (Македонија), РК Пелистер (Македонија), РК Вардар ПРО (Македонија), РК Вардар (Македонија).
За Република ТВ Лазаров кажа дека не може однапред да се планира, работите треба сами да течат, а тимот да се бори за победа на секој натпревар. Главна цел, коментира тој, е поминување на групната фаза.
– Не сакаме прерано да изразуваме некакви очекувања, гледате какви работи се случуваат како повредата на Наумче Мојсовски. Пред сѐ да останеме сите здрави и да отпатуваме во Данска и да се бориме на секој натпревар – изјави Филип Лазаров.
Целиот разговор погледнете го на следниов линк на Република ТВ.
Слушнете ги предвидувањата и очекувањата на Филип Миркуловски
Разговараше: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


