| четврток, 6 декември 2018 |

Шокенхоф: Неприфатливо е Атина да го уценува Скопје

„Сите земји од Западен Балкан треба да ги исполнат критериумите за влез во Европската унија. Но, неприфатливо е Грција во спорот со Скопје да се служи со уцена“. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го наведува Андреас Шокенхоф, заменик- претседател на пратеничкиот клуб на Христијанско-демократската партија во германскиот Бундестаг.

Целта на Германија, според Андреас Шокенхоф, е интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската унија. Притоа, како што наведува во интервјуто, се оценуваат постигнувањата на секоја држава посебно.

Тој оценува дека земјите од Западен Балкан се на различни нивоа кога станува збор за нивниот европски пат, но оти сите имаат иста европска перспектива. На прашањето дали, освен врз Македонија, ќе се изврши притисок и врз Грција, тој вели:

„Неприфатливо е Грција во спорот со Скопје да се служи со некаков вид уценување за некои други политички цели. Сметам дека треба да извршиме притисок и врз Атина за да придонесе за рационално решение на спорот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top