| четврток, 6 декември 2018 |

Авионите на „Александар Велики“ сè уште приземјени поради магла

london magla aerodrom

Густата магла и натаму го попречува авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а  дел од предвидените слетувања се пренасочени на аеродромот во Охрид.

Поради маглата намалена е видливоста до 50 метри на патниците правци Петровец-Катланово-Скопје и Градско-Демир Капија.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превалци и на осојничавите места коловозите се наместа влажни.  Во клисурите и засеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top