
Густата магла и натаму го попречува авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а дел од предвидените слетувања се пренасочени на аеродромот во Охрид.
Поради маглата намалена е видливоста до 50 метри на патниците правци Петровец-Катланово-Скопје и Градско-Демир Капија.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превалци и на осојничавите места коловозите се наместа влажни. Во клисурите и засеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)


