| четврток, 6 декември 2018 |

Крамараска: Ќе ги покажев пораките со кои Макрадули на најприземен начин се обидува да ми се заканува

kramarska

Некаде пред десетина дена добив писмо по пошта од парламентот во кое претседателот на Комисијата за политички систем, Илија Китановски, ме кани на Надзорна расправа со пратениците. Најпрвин не сфатив зошто ме канат, но потоа сосема случајно, иако бев со намера да одам, не отидов поради други обврски. Дури вечерта, гледајќи ги телевизиските снимки од текот на Комисијата, сфатив дека и јас сум била повикана да седнам на столчето за обвинети, и дека сум сторила добро што, всушност, не сакајќи сум го избегнала тоа. Таков срам, такво недостоинствено однесување, такво понижување на демократските инструменти, каков што е несомнено и испрашувањето на Надзорната расправа, не се видени досега. И од владините пратеници и од опозициските. Видов дека повиканите уредници, адвокати, невладини активисти не биле повикани за цивилизирана расправа која барем за малку ќе ги осветли мрачните тајни на македонскиот неуспех, туку биле викани да бидат валкани. Тркалани по патосот на македонскиот црвен тепих од под кој беа извадени сите криени нечистотии, и сето тоа заради една цел – владините пратеници да ги дискредитираат уредниците кои се проопозициски настроени и, обратно, опозициските пратеници да се пресметуваат со уредници кои не известуваат како што сакаат тие или ја поддржуваат Владата – пишува Соња Крамарска, уредника Утрински во својата колумна.

Во истата колумна во која зборува за излагањето на Мирка Велиновска и Саше политико, Крамарска открива дека добивала пораки од Јани Макрадули со кои тој и се заканува:

-Си реков, добро е што не отидов. Веројатно ќе морав да одговарам на глупавите и малициозни прашања зошто сум напишала книга за поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како да е тоа срам од најдолен вид, бидејќи нашите народни избраници никогаш не фатиле книга в рака напишана од новинари за истакнати политички личности. Сигурно ќе добиев и прашање за колумната на Ивор Мицковски, која решив да не ја објавам затоа што се косеше со стандардите на весникот да нема говор на омраза и малициозни напади врз политички противници. Како да нема право еден главен уредник да го уредува весникот така како што смета дека е најдобро. А веројатно ќе бев испровоцирана и да ги покажам пораките што ги добивам по телефон од Јани Макрадули во кои се обидува на најприземен начин да ми се заканува и да ме спречи да пишувам колумни за внатрепартиските состојби во СДСМ во кои го спомнувам неговото име како противник на новиот лидер Зоран Заев.

Понатаму таа коментира дека ас, Македонците, од цивилизираниот свет нѐ разделува јазикот, тонот и стилот на комуникација.

-Мене не ме чуди што во тој наплив на простаклук и неспособност да се формулира и јазично артикулира јасна и чиста реченица во вид на прашање настрадаа и медиумите, па сега не може да се најде каде завршува чаршискиот јазик и озборување, а каде почнува медиумската работа. Таа граница, за жал, се избриша, а резултатот го видовме сите на неодамнешната расправа, божем Надзорна на највисоко ниво, во парламентот – пишува Крамарска.

Целата колумна на Соња Крамарска прочитајте ја на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top