| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски и Филип Лазаров „манекени“ за новите дресови на националниот тим

Репрезентативците Филип Миркуловски и Филип Лазаров беа во улога на манекени и заедно со селекторот Ивица Обрван денес ги промовираа новите дресови.

 

 

Македонските ракометари во препознатливите бои ќе играат на Европското првенство кое ќе се одржи идната година во Данска од 12-ти до 26-ти јануари. На промоцијата покрај селекторот Ивица Обрван, ракометарите Филип Муркуловски и Филип Лазаров, присуствуваа претседателот на РФМ Живко Мукаетов, Јордан Камчев главен и извршен директор на „Аџибадем Систина“, како и директорот на „Орка Холдинг“ Сашо Босилков.

d1

На оваа прес конференција секако беше потенцирана и успешната соработка помеѓу „Аџибадем Систина“, „Орка Холдинг“ и македонската ракометна репрезентација.

d2

-Горди сме што повторно сме дел од репрезентацијата и пред нас стои огромен предизвик. „Аџибадем Систина“ ќе се погрижи за здравјето и добрата кондиција на нашите ракометари за време на првенството во Данска. Среќни сме што продолжуваме заедно да ја испишуваме историјата на овој национален спорт, со голема надеж за нови спортски успеси, изјави главниот и извршен директор на „Аџибадем Систина“.

d3

-Би сакал да се заблагодарам на „Аџибадем Систина“ која повторно комплетно ќе се грижи за здравјето на нашите ракометари, а исто така сакам да изразам задоволство што повторно соработуваме со компанијата „Орка Холдинг“ и „Ли-Нинг“ чии дресови и понатаму ќе ги носат нашите национални селекции, изјави Живко Мукаетов претседател на РФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top