Првиот човек на Eвропската ракометна федерација Жан Брио не дозволи екс словенечкиот репрезентативец Ренато Вугринец да и помогне на Македонија на европското првенство во Данска.
Извршниот комитет на ИХФ одлуката ја објаснува со непостоење на соодветни чекори во рамки на процедурите на ЕХФ.
Со тоа случајот Вугринец не може да биде поставен пред Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) која требаше да даде финална оценка за настапот на Вугринец.
Според Брио, ЕХФ се уште не ги исцрпила сите процедурални постапки околу натурализацијата на Словенецот и затоа не дозволува случајот да биде префрлен на комисија во ИХФ.
По одсуството на Наумче Мојсовски, Македонија на дваесетина дена пред ЕП во Данска по одлуката на ЕХФ се соочува со уште еден голем проблем.
Дополнителен проблем за ракометниот национален тим е што во првата фаза нема да може да игра ниту Србинот Прибак кој ќе заигра само ако Македонија ја мине првата фаза во исклучително тешката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.