| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во Влада – пренос во живо од денешната седница

sednica-vlada-500

Граѓаните денес преку телевизиските екрани ќе може во живо да ја следат седницата на Владата на Република Македонија. На истата предвидени се 167 точки на дневниот ред, кои премиерот Никола Груевски и сите министри треба да ги разгледаат, а се однесуваат на сите сфери од сите министерства кои покриваат определени делови од општеството.
Претседателот на Владата и министрите ќе разгледуваат точки од економија, инфраструктурата, здравство, образование, европските интеграции.

На дневен ред е и процесот на регулаторна гилотина, укинување на административните бариери, како и определени процедури кои што го обременуваат функционирањето на компаниите.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев истакна дека на седницата, која граѓаните ќе може да ја следат во живо, ќе се разгледуваат и прашања од областа на енергетиката, процесите на реализација на енергетските објекти, гасоводот, хидроцентралите, но и стипендиите на младите, набавката на здравстената опрема, како и точки кои се однесуваат за пензионерите.

-Целта на ваквата манифестација е граѓаните да може да се запознаат со функционирањето на самата Влада, да видат како изгледа непосредно одржување на една владина седница, да слушнат дискусии на министрите. Исто така да имаат увид во точките кои се дискутираат и чија интенција е да донесат подобри услови, зголемување на можностите за граѓаните, за субјектите, за компаниите, за сите оние за кои се однесуваат точките од дневниот ред, посочи Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top