
Маглата предизвика проблеми во сообраќајот. Три возила излетале од патот кај „Св.Еразмо“ утрово околу 9 часот. Според првичните информации, две помали товарни возила и едно комбе излетале од патот. За среќа нема повредени.
Неофицијално маглата и слабата видливост биле причина за сообраќајката. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


