Пеп Гвардиола има одлични резултати на чело на Баерн Минхен, со што покажува дека ја заслужува астрономската плата што ја добива од баварскиот гигант, пренесува Екипа. Имено, каталонскиот стратег е убедливо најплатениот фудбалски тренер во светот, откако се согласи на мегадоговорот со Баерн вреден 17,5 милиони евра по сезона. На Пеп е да докаже дека навистина вреди да му се плаќа една ваква огромна сума, но со досегашните резултати тој јасно става до знаење дека е и повеќе од достоен наследник на Јуп Хејнкес.
Жозе Мурињо е најплатениот стратег во Премиер-лигата со плата од 10,2 милиони евра по сезона, само 200.000 евра повеќе од Марчело Липи, кој одлично ја наплаќа својата работа во кинескиот Гвангжу, со плата од 10 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


