| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за вработување ќе известува за работни места преку СМС и е-пошта

agencija za vrabotuvanje sajt

Новата варијанта на веб-сајтот на Агенцијата за вработување на Република Македонија од денеска овозможува да оставите своја биографија, а ако има отворени работни места во категориите за кои сте се регистрирале, агенцијата ќе ве известува преку е-пошта или СМС, јави Плусинфо.

На промоцијата на веб-сервисот, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека овој портал ќе биде од големо значење за сите коишто бараат работа и оние коишто нудат.

– На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање работа. Пред сѐ, со овој проект се овозможува брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање информација во секое време и следење на огласите за работа на евтин и едноставен начин – изјави Спасов.

Во моментов, рече министерот, во Македонија има 4.851 слободно работно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top