Над 8.200 слободни работни места на пазарот на труд. Се бараат работници за различни позиции – од продавачи, шофери, шивачки, готвачи, до сметководители, проценители, економски менаџери, советници , графички дизајнери, објави Агенцијата за вработување.
Во моменов пак, според државнатат статистика, речиси 222 илјади се невработени лица. Проблемот за ваквата диспропорција, според експертите, е дека голем дел од неввработените – веќе работат на црно , дадека останатите не сакаат да работат за ниска плата, анализира „Сител“.
– Ако ги погледнете огласите на страната на Агенцијата з авработување, во 95% од нив работодавачите ја нудат минималната плата од 10.800 денари. Затоа младите не сакаат да се запишат во средните стручки школи каде се учат овие професии – изјави за телевизијата Раде Ненадич, од агенцијата за посредување при вработување партнер.
За да ги добијат потребните вештини кои се бараат од невработените, Агенцијата за вработување нуди бесплатни обуки за доквалификација, започнување сопствен бизнис, или познавање на странски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.