По играта „Син кит“, која кружеше на интернет и ги тераше децата да се самоповредуваат, па дури и да се самоубијат, сега по пат на СМС се шират застрашувачки приказни од дете што праќа говорна порака и вели дека е мртво веќе неколку дена и опишува како го убиле, кој го убил (морбитно и брутално објаснува) и вели дека ако не ја прати пораката најмалку на 15 други броеви, ќе биде убиен на исти начин штом заспие, предупредуваат од психолишкиот центар од Словенија.
-Контролирајте ги пораките што ги добиваат децата, објаснете им дека нема никој да дојде да ги убие, дека целта на тие пораки е само да ги заплашат, и дека тоа не е воопшто смешно и забавно. Овој синџир е морбиден и важно е да се реагира навреме и да престане да се шири – предупредуваат од центарот „Сенсум“.
Пред неколку месеци играта „Син кит“ стигна до Србија, а за среќа не беа забележани случаи во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.