| четврток, 6 декември 2018 |

За овие работи не треба да зборувате преку пораки

Иако живееме во време кога речиси целата комуникација е преку пораки, без оглед на тоа дали се работи за СМС пораки или пораки на Фејсбук, Вибер и слични апликации, сепак има одредени работи за кои е навистина непристојно да се зборува преку пораки и работи кои само дополнително ќе се влошат доколку ги пренесете или се обидете да ги рачистите преку пораки.

Затоа бидете внимателни и во овие ситуации избегнувајте ги пораките!

Раскинување

Без оглед на тоа дали се работи за долга или кратка врска, раскинувањето преку порака едноставно е непристојно и беозбразно. Овие разговори секогаш треба да се прават очи во очи, колку и да се непријатни. Ако сте биле доволно блиски за да зборувате за иднина или да лежите голи во кревет, тогаш треба да бидете човечни и овие разговори да ги зборувате директно и лице во лице.

Кавга

Понекогаш се случува да изреагираме импулсивно и тоа во секунда. Понекогаш една обична реченица напишана во погрешен момент знае да се претвори во ужасна кавга. Но, никако не смеете да се расправате (со кого било) преку пораки! Исто како и изговорениот збор, така и напишаната порака никогаш не се заборава, а кога сме нервозни можеме да кажеме се и сешто. Воздржете се од расправање, оставете го телефонот и разговарајте кога ќе се видите и ќе се потсмирите.

Пренесување лоши или тажни вести

Сите се плашиме од тоа да пренесеме некому лоша или тажна вест, како на пример, отказ или смрт на сакана личност, но мораме да имаме на ум дека во тој момент треба да и дадеме поддршка на таа личност. Овие сериозни работи не смеат да бидат букви во СМС порака. Никогаш не знаете што прави личност во тој момент, можеби не се во ситуација кога би можеле да поднесат и добијат таква вест.

Раскажување и зборување за чувствителни или приватни информации

Избегнувајте преку СМС пораки да праќате податоци поврзани со лични документи, финансии, здравје и сите други чувствителни или приватни информации. Бројот на лична карта или кредитната картична нема што да бара во вашиот телефон или во пораките на друга личност.

Озборување

Сите озборуваме, но никако не смее тоа да го правиме преку пораки. Никогаш не знаете како тоа може да ве доведе до непријатна ситуација, без оглед на тоа дека не сте мислеле ништо лошо. Изговорените озборувања секогаш се сведуваат на гласини, додека ако останат запишани некаде можат некогаш да бидат искористени против вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top