
Здружението за заштита на бувовите на Македонија од јануари до јули идната година ќе работи за заштита на амбарскиот був во Скопската Котлина. Конкретна цел на грантот е намалување или престанок на користење хемиски отрови во областите во Скопската Котлина каде што се произведува храна и каде што се наоѓа и природното живеалиште на амбарскиот був, подобрување на јавното мислење за важноста на овој ноќен грабливец и потребата од негова активна заштита. Од Здружението очекуваат зголемена популација на амбарскиот був во Скопската Котлина.
– Со планирачкиот грант треба да се утврди бројната состојба на популацијата на амбарскиот був, потоа локациите на постојните живеалишта и гнездилишта на амбарскиот був, ќе ги утврдиме погодите локации за поставување куќарки за гнездење на амбарскиот був. Ќе ги набљудување и евидентираме случаите на употреба на отрови и ќе водиме евиденција за отруени бувови. Цел ни е за формираме мрежа од волонтери за заштита на амбарскиот був – велат од Здружението за заштита на бувовите на Македонија.
Вкупниот буџет на грантот е две илјади американски долари кои во целост се обезбедени од програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд. Генерална цел на донацијата е активна заштита на амбарскиот був во Скопската Котлина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
Италијански синдикат ќе ги заштитува Македонците кои работат во Италија
-
Температурите ќе паднат под нула, заштитете ги насадите – препорака на УХМР
-
Онлајн купувањето ќе влезе во новиот Закон за заштита на потрошувачите


