| четврток, 6 декември 2018 |

Да го заштитиме амбарскиот був во Скопската Котлина

ambarski buv

Здружението за заштита на бувовите на Македонија од јануари до јули идната година ќе работи за заштита на амбарскиот був во Скопската Котлина. Конкретна цел на грантот е намалување или престанок на користење хемиски отрови во областите во Скопската Котлина каде што се произведува храна и каде што се наоѓа и природното живеалиште на амбарскиот був, подобрување на јавното мислење за важноста на овој ноќен грабливец и потребата од негова активна заштита. Од Здружението очекуваат зголемена популација на амбарскиот був во Скопската Котлина.

– Со планирачкиот грант треба да се утврди бројната состојба на популацијата на амбарскиот був, потоа локациите на постојните живеалишта и гнездилишта на амбарскиот був, ќе ги утврдиме погодите локации за поставување куќарки за гнездење на амбарскиот був. Ќе ги набљудување и евидентираме случаите на употреба на отрови и ќе водиме евиденција за отруени бувови. Цел ни е за формираме мрежа од волонтери за заштита на амбарскиот був – велат од Здружението за заштита на бувовите на Македонија.

Вкупниот буџет на грантот е две илјади американски долари кои во целост се обезбедени од програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд. Генерална цел на донацијата е активна заштита на амбарскиот був во Скопската Котлина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top