| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ ќе дозволи отворање на трезорите на Тито

Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе дозволи отворање на депоа во Народната банка на Србија (НБС) со оставштина на Јосип Броз Тито, објавуваат Новости

Staatsbesuch von Tito in Belgien

Кабинетот на претседателот на Србија ќе дозволи да се отворат трезори во НБС во кои некогашното претседателство на СФРЈ чувале драгоцености кои останале по смртта на Тито.

– Во почетокот на неделата испративне допис до Суд во Белград пред кој се води оставинска постапка по смртта на некогашниот претседател. Наведовме дека како правен наследник на Претседателството на СФРЈ, согласни сме да се отворат депоата, изјави советникот во Кабинетот, Оливер Антиќ за весникот.

Тој додаде дека се чека судијата да одреди датум кога ќе се отворат сефовите.

Во 11 вреќи што се во трезорот на НБС како што претпоставуваат адвокати, може да се најдат само последните плати на Тито, авторски хонорари за книги и нешто злато и накит. Таму би требало да биде се што е затекнато по смрта на Јосип Броз во претседателската вила во Ужичка 15.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top