Кабинетот на претседателот на Србија ќе дозволи да се отворат трезори во НБС во кои некогашното претседателство на СФРЈ чувале драгоцености кои останале по смртта на Тито.
– Во почетокот на неделата испративне допис до Суд во Белград пред кој се води оставинска постапка по смртта на некогашниот претседател. Наведовме дека како правен наследник на Претседателството на СФРЈ, согласни сме да се отворат депоата, изјави советникот во Кабинетот, Оливер Антиќ за весникот.
Тој додаде дека се чека судијата да одреди датум кога ќе се отворат сефовите.
Во 11 вреќи што се во трезорот на НБС како што претпоставуваат адвокати, може да се најдат само последните плати на Тито, авторски хонорари за книги и нешто злато и накит. Таму би требало да биде се што е затекнато по смрта на Јосип Броз во претседателската вила во Ужичка 15.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.