| четврток, 6 декември 2018 |

Научник открил каде во мозокот се крие злото

Германски невролог тврди дека пронашол дел од мозокот каде се крие „злото" на убијците, силувачи и крадци

mozak-06022013-625shutterstock
Д-р Герхард Рот, научник од Бремен, објаснил дека „лошите парче” се наоѓа во централниот дел на мозокот и се гледа како затемнување на ренгентска снимка.

До откритието дошол проучувајчи ги со години прекршителите на законот во рамките на проектот германската влада: “Им покажавме на овие луѓе кратки филмови и им ги меревме мозочните бранови. Секогаш кога ќе се појавеше брутална и насилна сцена тие не покажуваа емоции. Во делот на мозокот во кој се создава сочувство и тага, ништо не се случува”, изјавил Рот за „Дејли Меил“.

-Кога прегледувам млади луѓе, и ако забележам пречка во споменатиот дел, можам да кажам дека е во прашање злосторник, со сигурност од 66 проценти- објасни тој.

Рот криминалци ги дели во три групи: првата се „ментално здрави”, израснал во средина во која е во ред да се бори, краде, и убива, втората се оние со душевни растројства кои околината ги доживува како закана, а третата група спаѓаат „чисти психопати” , како Салин и Хитлер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top