
Поради снежното невреме во американскиот Среден Запад и на Источниот брег, одложени се или откажани повеќе летови. Снегот прекри простор од 2.540 километри.
Поради снежната бура откажани се или одложени летови од аеродромите во Чикаго, Вашингтон, Њујорк, Њуарк, Њу Џерси.
Речиси 1.000 летови вчера се откажани. Снежната бура ја погоди областа од Мисури до Мејн, додека дождот врне во југоисточните држави.
Најобилните снежни врнежи се очекуваат во централна Пенсилванија, државата Њујорк, и Нова Англија, каде се очекуваат 20 сантиметри снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


