Металург не успеа повторно да го победи Загреб во меч во СЕХА-лигата, што вечерва заврши нерешено, 27-27.Пред една недела вп Загреб, Металург славеше со 30-25.
Македонскиот претставник беше многу блиску до победата, го имаше последен напад за триумф, а Павел Атман буквално во последната секунда од шест метри, по проигрувањето од Вугринец, ја погоди само гредата од голот на Загреб.
Токму Атман со шест гола беше најефикасниот кај Металург, Гоце Георгиевски постигна пет гола, а Мојсоски и Вугринец по четири.
Кај гостите голманот Стојановиќ блескаше со 12 одбрани, а Шебетиќ беше најефикасне со осум гола..
Загреб е лидер во Регионалната лига, со 31 бод од 13 меча, пред Татран Прешов со еден бод помалки, но и натпревар помалку. Вардар е третопласиран со 25 бода од 11 натпревари, а Металург го заокружува квартетот најдобри со 19 бода од 10 меча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.