| четврток, 6 декември 2018 |

„Или-или“ одличен промотор на унгарската литература

или-или

Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија ќе и додели благодарница на издавачката куќа „Или-Или“ за промовирање на унгарската литература и култура. По тој повод ќе бидат промовирани книгите „Дневник“ од Геза Чат, „Филозофија на виното“ од Бела Хамваш, „Комунистот Монте Кристо“ од Ноеми Сечи и „Крајот на еден семеен роман“ од Петер Надаш во издание на „Или-Или“ и во превод од унгарски на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.
За преводите ќе зборува проф. д-р Александар Прокопиев.
Промоцијата ќе се одржи в петок во 19 часот во просториите на Друштвото на Унгарците „Теледом“, Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top