В понеделник, на 16 декември, во 12.30 часот во Градскиот музеј Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Мајка Тереза – вечниот ангел на милосрдието“. Изложбата на фотографии преставува една ретроспектива на хуманата мисија на скопјанката Мајка Тереза низ целиот нејзин живот.
Со оваа изложба Националната установа Спомен-куќа на мајка Тереза првпат гостува во Крива Паланка. Изложбата, која е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2013 година“, ќе ја отвората Рената Здравковска, директорка на НУ Спомен- куќа на Мајка Тереза, Скопје, Арсенчо Алексовски, градоначалник на општина Крива Паланка и Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.