Мексиканскиот конгрес го одобри контроверзниот закон со кој државниот енергетски сектор се отвора за странски инвестиции.
Новиот закон дозволува на приватни нафтени компании да експлоатираат нафта и гас заедно со државната компанија „Пемекс“ во замена за дел од профитот. Ова е првпат да се дозволи вакво нешто од 1938 година кога овој сектор беше национализиран.
Изгласувањето на законот наиде на жесток отпор кај опозицијата која ја обвини власта дека нанесува штета на националните интереси на земјата. За време на долгата расправа се случија и неколку инциденти. Член на владејачката партија е префрлен во болница со оштетена рожница по тепачка со пратеник од опозицијата. Пратеникот Антонио Гарсиа Конехо, пак, во знак на протест се соблече по долна облека додека зборуваше на говорницата.
– Вака ја ограбувате нацијата – рече Конехо додека се соблекуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)