| четврток, 6 декември 2018 |

Мексикански пратеник се соблече гол на говорница: Вака ја ограбувате нацијата (видео)

meksiko gol pratenik

Мексиканскиот конгрес го одобри контроверзниот закон со кој државниот енергетски сектор се отвора за странски инвестиции.

Новиот закон дозволува на приватни нафтени компании да експлоатираат нафта и гас заедно со државната компанија „Пемекс“ во замена за дел од профитот. Ова е првпат да се дозволи вакво нешто од 1938 година кога овој сектор беше национализиран.

Изгласувањето на законот наиде на жесток отпор кај опозицијата која ја обвини власта дека нанесува штета на националните интереси на земјата. За време на долгата расправа се случија и неколку инциденти. Член на владејачката партија е префрлен во болница со оштетена рожница по тепачка со пратеник од опозицијата. Пратеникот Антонио Гарсиа Конехо, пак, во знак на протест се соблече по долна облека додека зборуваше на говорницата.

– Вака ја ограбувате нацијата – рече Конехо додека се соблекуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top