Владо Георгиев, кој беше меѓу добитниците нанаградите „Хелоу“ на манифестацијата „Личност на годината“ во Србија во обраќањето по доделувањето на наградата изјавил: „Сакам да бакнам една жена, која сега првпат ја гледам во живо, а тоа е Есма Реџепова“.
Црногорскиот пејач имаше среќа да му се исполни желбата, затоа што и кралицата на ромската музика Есма, беше меѓу наградените.
– Ги поздравувам сите присутни. Сите знаат дека ја добив наградата. Многу сум среќна поради тоа. Наградата ќе биде сместена во мојот музеј што се гради во Македонија и кој следната година треба да биде отворен – изјави Есма по доделувањето на наградата.
Манифестацијата се одржа во Бели двор, во резиденцијата на кралското семејство Караџорџевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.